(Фото) Иновативност и сензација на вториот ден на „Моден викенд Скопје“

Викеднов во просториите на Европскиот факултет се одржа деветнаесеттото издание на Модниот викенд во Скопје.

Присутните гости имаа ексклузивна можност да се запознаат со три дизајнерки од шоурумот Обединета мода, Евгенија Зафировска, Марија Кулушиќ и Софија Урумовиќ.

Програмата на вториот ден беше  отворен со колекциите на македонската дизајнерка од Словенија Евгенија Зафоривска. Зафировска се претстави со колекцијата „Relation between what we see and what we know. Инспирирана од инсталационата уметност, а со акцент на одржливоста, занаетчиството и естетиката идејата на македонската дизајнерка од Љубљна вели е да ги интегрира традиционалниот и модерениот стил.

Колекцијата „RELATION BETWEEN WHAT WE SEE AND WHAT WE KNOW“ на Евгенија Зафировска

По неа следуваше Марија Кулушиќ, добитничка на наградата Elle Style за најдобар млад дизајнер во Хрватска. Kолекцијата „IT FELL APART” открива силен контраст помеѓу модните парчиња, применети се различни техники и методи на бојадисувње, за кои е потребно одредено време да доведат до посакуваниот резултат.

Колекцијата „IT FELL APART” на Марија Кулушиќ

Софија Урумовиќ се претстави со колекцијата „WHAT’S HER FACE“. Софија развива сосема нов пристап за дизајнирање на облеката. Софија, се занимава со начинот на кој ликот како мотив се набљудува и интерпретира, кога е прикажан во апстрактен манир преку облеката. Со идејата како да се реконструира и ресетира сè она на што сме навикнати и да го гледаме во секојдневниот живот.

Kолекцијата „WHAT’S HER FACE“ на Софија Урумовиќ

Македонската етаблирана дизајнерка Маја Кикириткова приреди сензационално враќање на настанот. Модниот бренд со нејзин потпис се претстави со пролетна колекција наменета за сите динамични жени, овозможувајќи им одговор за секој нов предизвик во денот. Парчињата се во препознатливите сезонски пастелни нијанси, надополнети со белата и црната како задолжителни бои во орманот, а зачинети со нежна тантела, како водечка нита во самата колекција. Жената во ELEAZAR секогаш ќе биде уникатна, а воедно ќе се чувствува удобно и женствено.

Вечерта ја затворија девојките кои носеа парчиња од рафинираниот бренд Arthropoda.

 

Scroll to Top