Таткото на едно од искасаните деца од ротвајлерот во населбата Аеродром, објави фотографии на социјалните мрежи од крвавите рани на својата ќерка Ума и најави тужба за здружението за заштита на животни „Анима мунди“.
За „Анима мунди“, пак , кучето не е криво, туку неговиот сопственик, кој не го воспитал, напишаа во соопштението, но никаде не кажуваат ниту кој е сопственик, ниту од каде се сигурни дека кучето го чува некој.
„Ова се раните на раката на мојата помала ќерка Ума, која вчеравечер беше нападната од куче во населбата Ародром. Покрај неа се искасани уште 7 деца и две возрасни жени. Детето ми е спасено благодарение на госпоѓета Тања, случаен минувач, која со голи раци се нафрли на кучето да ја спаси Ума. Барам правен совет и сакам да ги тужам оние од Анима мунди“, напишал таткото на Ума.