Голем дел од балканските политичари поседуваат приватни возила кои се стари повеќе од 30 години. Некои од нив ги имаат наведено во нивните имотни листови, а некои се на име на нивните сопруги.
Александар Вучиќ- Претседател на Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ нема наведено дека поседува возило во својот имотен лист. Српските медиуми пишуваат дека според податоците од Агенцијата за борба против корупција, Вучиќ поседува „Шкода Октавија“ стара од 2006 година.
Вучиќ објаснил дека автомобилот е во сопственост на неговиот брат Андреј Вучиќ и дека во 2011 година, тој извршил сообраќаен прекршок со истиот тој автомобил.
Зоран Милановиќ- Претседател на Хрватска
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ приватно се вози со Форд Фокус. Тој во својот имотен лист има наведено дека поседува кола од 10.500 евра, која ја купил на лизинг, а месечно за неа одвојувал 172 евра.
Мило Ѓукановиќ- Претседател на Црна Гора
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ како и својот српски колега Александар Вучиќ, не поседува свој личен автомобил. Барем не на свое име. Според неговиот имотен лист, неговата сопруга, Лидија Ѓукановиќ, поседува „Ауди А3“ од 2006 година.
Борут Пахор– Петседател на Словенија
Претседателот на Словенија Борут Пахор е актуелен на социјалните мрежи и често открива детали од својот живот. Според неговата имотна картица, тој поседува автомобил „Рено 4“ од 1991 година, стар скоро 30 години.
Бојко Борисов- Премиер на Бугарија
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов е љубител на убави автомобили, но во неговиот личен автомобилски парк има само едно возило, а тоа е Мерцедес Бентз 190. Тоа всушност е олдтајмер од моделот W110, а датира од 1961 до 1968 година. Од оваа верзија има 628 282 примероци.
Еди Рама- Премиер на Албанија
Шефот на албанската влада веројатно е еден од единствените премиери кој не поседува возило во неговата имотна картица доставена на Високиот инспекторат за контрола на недвижности.
Стево Пендаровски- Претседател на С. Македонија
За нашиот претседател е познато дека поседува автомобил „Југо темпо 1.1“ старо повеќе од дваесет години, проценето на илјада евра. Така е наведено во неговата имотна карта доставена до Антикорупциската комисија.