(Фото) Карикатурист го нацрта Канје Вест и го покани во Македонија

Откако Канје Вест вчера објави икона од Св. Климент Охридски на „Твитер“, охридскиот карикатурист со уметничко име Седо Перо го нацрта американскиот рапер и го покани да дојде во Македонија.

„Скромна покана до Канје Вест да ја посети земјата на апостолот Павле, на европејката Лидија, првата жена што го прими христијанството, и градот на Свети Климент, патронот на Охрид, Македонија. Ти посакуваме добредојде, брату!“, напиша тој.

Вест вчера ги изненади своите следбеници н „Твитер“ кога објави педесетина икони од светци, без никакво објаснивање или коментар покрај твитовите.

(Фото) Канје Вест објави икона од св. Климент Охридски на „Твитер“

 

Scroll to Top