(Фото) Кончита Вурст стана русокоса

Победничката на Евровизија од 2014 година, Австријката Кончита Вурст, го смени имиџот и сега е русокоса. Таа го претстави новиот имиџ на „Лајф бол“, најголемата добротворна забава посветена на лицата заболени од ХИВ и сида. Пред неколку месеци и Кончита откри дека е ХИВ позитивна.

Пејачката, родена како Томас Нувирт, го сврте вниманието на јавноста со својот контроверзен изглед на Евровизија. Публиката подеднакво ја памети по победничката песна Rise like a phoenix, но и по брадата во комбинација со силна шминка, долга коса и елегантни фустани.

Кончита објави неколку фотки од новиот имиџ и на својот инстаграм-профил, а покрај едната од нив напиша дека сега личи на Хулк Хоган.

Scroll to Top