(Фото) Крвава месечина над Скопје

Вчера на небото можеше да се забележи крвава месечина која е редок феномен, која воедно претставува вистинска астрономска атракција. Арбнора Мемети успеа да ја долови и овековечи во фотографија.

Крвава Месечина се нарекува настанот кога Месечината е голема и црвеникава. Се случува само кога е полна месечина.

Во моментот кога може да се набљудува овој феномен, Месечината минува директно зад Земјата и влегува во нејзината најтемна сенка. За да се случи тоа, Сонцето, Земјата и Месечината треба да формираат совршена линија меѓу себе.

Сончевите зраци кои во тој момент стигнуваат до Месечината минуваат прво низ Земјината атмосфера, која филтрира најголем дел од сината светлина, правејќи Месечината да изгледа црвено.

 

Scroll to Top