Наводната поранешната љубовница на Владимир Путин, Светлана Кривоногик, го покажа нејзиниот луксузен стан во Санкт Петербург. Таа е позната по тоа што пред да биде со Путин, работела како чистачка, и преку ноќ добила акции во руска банка и станува мултимилијардерка.
Нејзиниот раскошен стан е преполн со златни детали, пренесе Daily Mail, а во истиот елитен блок живеат и некои од најстарите пријатели на Путин кои се санкционирани од Западот.
Светлана сега живее со нејзината ќерка Луиза, која Путин никогаш не ја признал за своја. Тие сега живеат во друг елитен руски стан вреден два милиони евра, пред западните санкции да предизвикаат драстичен пад на руската економија. Оној во Санкт Петербург сакаат да го изнајмат.