(Фото) Мажот на Андреа Пенезиќ го искрши телевизорот

Сопругот на ракометарката Андреа Пенезиќ, Матија Кобетиќ, по поразот на „Вардар“ од „Ѓер“ во финалето на Фајнал фор го искрши телевизорот на кој го гледал натпреварот. Сликата од искршениот телевизор ја објави на својот инстаграм-профил.

„ЕХФ, да ми испратите нов телевизор“, напиша тој на фотографијата на која се гледа дека екранот е целиот на парчиња.

Матија е поранешен голман на ФК Вардар, а годинава брани за македонскиот фудбалски прволигаш „Ренова“. Андреа, пак, најави дека ја завршува кариерата и дека веќе нема да игра ракомет.

Scroll to Top