(Фото) Метеор го осветли небото над Велика Британија

Голем метеор синоќа го осветлил небото над Велика Британија, и направил редок небесен спектакл, кој можел да се види од повеќе британски градови.

Вселенското тело било забележано нешто пред 22 часот, по локално време и можело да се види околу седум секунди. Британската „Служба за метеори“ и група астрономи-аматери кои снимаат вакви појави од 2012 година, напиша на Твитер дека метеорот изгледал како огнена топка.

„На две видеа можеме да видиме дека метеорот се движи релативно бавно, и е видливо како тоа тело се распаѓа во Земјината атмосфера“, се вели во твитер-објавата.

Метеорот бил снимен од градовите Манчестер, Кардиф, Хонитон, Бат, Мидсомер Нортон и Милтон Кинс.

Scroll to Top