Франциска Сусано, позната како Лола, за која се верува дека беше најстарата личност во светот и последната жива, која била родена во 19 век, починала во понеделникот на 124-годишна возраст на Филипините. Таа починала околу 18 часот и 45 минути во нејзиниот дом во Кабанкалан.
Кога починала Сусано, од Гинис се уште ги утврдувале нејзините години. Таа беше една од кандидатките за титулата најстара личност, којаофицијално и припаѓа на Французинката Жан Калмент, која почина во 1997 година на 122-годишна возраст.
Причината за смртта сè уште не е утврдена, но, медиумите пренесоа дека Сусано не покажала никакви симптоми на Ковид-19. Таа била родена на 11 септември 1897 година, кога со земјата сè уште владеела Шпанија, а на тронот на Велика Британија била кралицата Викторија.
Политичарот Родолфо Орданес поднесол петиција по нејзиниот последен роденден барајќи од Претставничкиот дом да и додели 15.000 фунти како признание за нејзиното монументално достигнување.
„Со тага во нашето срце ја примивме веста дека нашата сакана Лола Франциска Сусано почина рано овој понеделник навечер на 22 ноември. Лола Иска се смета за најстарата личност во Негрос Оксидентал и на Филипините. Градоначалникот Педро Зајко Џуниор, заменик-градоначалникот Раул Ривера и сите градски функционери, како и сите жители на градот Кабанкалан сочувствуваат и се молат со семејството на Лола во овој период на жалост. Лола секогаш ќе остане наша инспирација и гордост“, објавија од градот Кабанкалан.