(Фото) Навални среќен со семејството по будењето од кома

Рускиот опозиционерски лидер Алексеј Навални на „Инстаграм“ објави фотографија од болницата во Берлин заедно со своето семејство. Најблиските беа првите што го дочекаа по будењето од кома. Тој минатиот месец беше отруен во Русија.

Навални сè уште е во болнички кревет, а околу него беа сопругата и децата. Тој напиша дека сега може сам да дише и дека повеќе не е приклучен на апарати.

„Здраво, тука Навални. Ми недостигате сите. Сè уште тешко можам да правам што било, но вчера можев да дишам сам цел ден. Не користев никаква помош“, напиша Навални.
Scroll to Top