(Фото) Откако го истрчаа Скопје, ергени ги запросија своите девојки: Романтика на скопскиот маратон

Вчерашниот маратон во Скопје помина во позитивна атмосфера, а она што остави најубав впечаток беа романтичните запросувања кои се случија за време на трката. Некои од учесниците ги запросија своите девојки, кои пак побрзаа да се пофалат со свршеничките прстени.

За некои од учесниците овој ден ќе остане во сеќавање не само по истрчаните километри низ Скопје, него и по многу други убави работи. На маратонот учествуваа и млади и возрасни, родители со деца, а имаше и такви кои трчаа со своите миленици.

Имаше и профеисонални ателтичари рекреативци, лица со попреченост и сите беа со позитивна спортска енергија и ведар дух. Имаше и мајки кои трчаа и ги туркаа количките на своите деца. На улиците трчаше и Аквамен, кој рече дека маскиран добил поголем мотив за трчање од публиката.

„Имам мотивација поголема кога трчам и кога знам дека публиката е задоволна кога тоа го гледа. Со овој костум сакам да ја забавувам публиката“, рече тој по трката.

На маратонот вчера беа и срушени неколку рекорди. За потсетување Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова поставија нови државни рекорди.

 

Scroll to Top