(Фото) Овци ме будеа сабајле и не се наспав: Роналдо и Георгина по една недела, се иселија од вилата во Манчестер

Фудбалерот Кристијано Роналдо на крајот на септември потпиша нов договор и од Италија од тимот на Јувентус во Торино се пресели во Англија во Манчестер јунајтед. Тој најде нова вила во која живееше со семејството, но набргу потоа си замина и почна да бара нова куќа.

Како што пренесуваат британските медиуми, тој со својата девојка Георгина Родригез и децата си заминал од вилата поради вревата што ја правеле овците. Роналдо се плашел и за сопствената и за безбедноста на своето семејство затоа што куќата се наоѓала во близина на пешачка патека.

„Иако имотот е прекрасен и се наоѓа меѓу многубројни полиња и шуми, во близина имаше овци, кои беа многу бучни рано утрото. Тука исто така беше и јавната пешачка патека, која се гледаше од неговата влезна врата“, изјавил близок извор до Роналдо за британски „Сан“ и додал.

„Роналдо е вистински професионалец кому му е потребен квалитетен одмор и закрепнување по натпреварите, па одлучи дека најдобро е тој и неговото семејство да се преселат“.

Во новата куќа имаат гаража во која може да сместат четири автомобили. Имаат и базен, кино, сала, а имотот може да се види и од камерите што се инсталирани на речиси секое ќоше. Има и електрична влезна врата.

Scroll to Top