Плажите во Сан Диего во Калифорнија во текот на вечерните часови стануваат сини сјаејќи со неонско светло. Поради тоа голем број луѓе излегуваат надвор за да го снимат овој необичен природен феномен.
Замислете секој отпечаток во песокот што сте го направиле со вашето стапало да свети како неонка.
Или секое ваше движење со штицата за сурфање да остава светлосна трага како на снимање на некој футиристички филм.
Водата станува сина поради цутење на алгите. Преку ден планктоните во водата се обоени црвено, а во вечерните часови истите даваат сина боја. Тоа се случува во моментите кога некој ќе ги вознемири алгите со своите движења како удирањето на брановите во брегот.
Оваа појава во природата не е толку ретка, но во Сан Диего последен пат се случила во 2013 година.