Авиокомпанијата „Квантас“ го започна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе трае 20 часа. Авионот вчера вечер полета од Њујорк, а во недела наутро треба да слета во Сиднеј. Во „боингот 787-9“ има 40 патници кои пред самиот лет биле подложни на метални и физички тестови за издржливост.
Пилотот ќе лета 16.000 километри и попатно никаде не е планирано да слета. Планирани се да се направат три пробни лета и на секој од нив светски научници ќе го следат однесувањето на патниците. Од компанијата „Квантас“ велат дека планираат да направат уште два вакви лета. Од таму велат дека бројот на патници намерно е мал, со цел да се минимизира потрошувачката на гориво и да се овозможи авионот да лета дополнителни 16.000 километри.
Се следи секоја состојба на патниците. Научниците од два австралиски универзитети се меѓу патниците и ја следат состојбата со нивното здравје. Кај сите нив се поставени уреди преку кои се следи нивната мозочна активност.
Со оглед на временската разлика од 15 часа меѓу Њујорк и Сиднеј, научниците ќе го следат и влијанието на преминувањето низ временски зони врз патниците. Досега рекордот за најдолг лет го држеше компанијата „Сингапур ерлајнс“ од Сингапур до Њујорк кој траеше 17 часа и 52 минути.