(Фото) Поцрвене езерото Козјак

Поцрвене водата во Козјак, најголемото вештачко езеро во Европа. Граѓаните се зачудени од оваа појава, а од ЕЛЕМ велат дека тоа е нормално во овој период од годината.

„Станува збор за алги, кои секоја година во овој период цветаат и се појавуваат. Тоа е природна појава“, објаснуваат од ЕЛЕМ.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање тврдат дека езерото е премногу валкано и поради тоа на 22 април ќе организираат чистење. Според нив, во водите има пластики и остатоци од отпад.

Фото: Љубомир Чукниев

Scroll to Top