(Фото) Пронашол торба со 30.000 евра, во неа и „ролекс“, веднаш им ја вратил на сопствениците

Лудвиг Цури, претприемач од Мали Лошињ во Хрватска, им ја вратил изгубената торба полна со пари и скапоцени предмети во висина од 80.000 евра на туристи од Унгарија.

Во понеделникот туристи од Унгарија во Хрватска изнајмиле чамец за да се повозат, но на враќањето, додека ставале гориво на бензиска пумпа, забележале дека ја изгубиле торбата полна со пари и скапоцени предмети.

Веднаш повикале полиција и го повикале сопственикот на глисерот, Лудвиг, кој набргу со синот Кристијан, внукот Марин и нивниот пријател Андрија, со други глисери се впуштиле во потрага по изгубените работи.

Парите и вредните предмети се наоѓале во торбата, а ја нашол Лудвиг. Во неа имало кеш во висина од 30.000 евра и часовник „ролекс“ во вредност од десетина илјади евра.

За пронаоѓањето на изгубените работи, сопствениците го наградиле Лудвиг со 6.000 евра.

 

Scroll to Top