(Фото) Путин обожава да патува на одмор во Сибир

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, открил дека заедно со рускиот претседател, Владимир Путин, обожава да патува на одморот во сибирските предели, пренесува Russia Beyond.

Шојгу објаснува зошто рускиот лидер одмора во сибирскиот регион, далеку од цивилизацијата. Шојгу вели дека Путин најмногу го исполнуваат слободата, отсуството на телевизорот, градскиот метеж и комуникацијата со луѓето, вклучувајќи ги и новинарите.

Шојгу вели дека и двајцата обожаваат да одат на риболов на места што се граничат со Монголија, но она што не го сакаат и двајцата е одморот во Сибир да стане туристички тренд. Шојгу вели дека во тој случај овој простор ќе престане да биде уникатен.

Путин обожава да преспива во ловечки колиби. Му се допаѓа идејата да шета на места каде што никогаш претходно нема стапнато човечка нога. Исто така, Путин обожава да пие вода од реки за кои е сигурен дека во нив никој претходно не ги измил рацете.

Сергеј Шојгу во август заедно со рускиот претседател, Владимир Путин, и директорот на FSB, Александар Бортников, одморот го минале во сибирскиот регион Тива.

   

Scroll to Top