(Фото) Роверот на НАСА ги испрати првите фотографии од Марс

Роверот на НАСА, „Истрајност“, успешно слета на површината на Марс на кратерот наречен Езеро, кое го доби по една општина во Босна и Херцеговина.

Од НАСА велат дека роверот слетал по седум месеци патување. На него работеле со децении и биле потрошени милијарди долари. Неговото слетување го означува почетокот на повеќегодишната мисија, која има цел да открие дали постоел живот на Марс.

НАСА ги пренесе фотографиите што роверот ги снимил на самото место.

„Добар ден, свету. Мојот прв поглед на куќата што ќе биде моја засекогаш“, беше напишано на официјалниот твитер-налог на роверот со објавената црно-бела фотографија, на која се гледа неговата сенка.

Роверот треба да почне да ги зема првите примероци од карпи во текот на летото.

 

Scroll to Top