(Фото) Се продава луксузниот автомобил на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи

Се продава еден од најретките автомобили изработени во минатиот век од компанијата Ksenatek, „мајбах 57 С- купе“, кое било специјално направено за либискиот лидер Моамер Гадафи. Тоа е понудено на продажба во Холандија за цена од 1,16 милион долари.

Гадафи го нарачал во 2010 година, а бил испорачан следната година поради соборувањето на неговата влада. Возилото има поминато мала километража, само 2.286 километри.

Од холандската автомобилска компанија Lajtner, специјализирана за производтство на егзотични возила, велат дека автомобилот има 6-литарски АМГ ве-12 турбомотор од 604 коњски сили, со петостепен автоматски менувач.

Возилото е тешко шест тони и потребни се пет секунди за да достигне брзина од 100 километри на час, а направено е според истите стандарди како и автомобилите што биле редовно произведени.

Раководителите на компанијата што го произвела на почетокот биле убедени дека може да продадат 100 единици за политичари, претприемачи, олигарси и други богати лица во светот, но Ksenatek поднесе барање за банкрот и се затвори по направените осум од планираните.

Еден од главните инвеститори, компанија со седиште во Саудиска Арабија, која се нарекува „Автокралство“, нагло престанало да ги насочува парите во овој проект.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Auto Leitner (@autoleitner)

Scroll to Top