(Фото) Се продава парче од свадбената торта на Дијана и Чарлс

Парче од свадбената торта на принцот Чарлс и принцезата од Велс, Дијана, старо 40 години, ќе се продаде на аукција. Големото парче шлаг и марципан од една од 23-те официјални свадбени торти содржи прелив од шеќер од кралскиот грб во златна, црвена, сина и во сребрена боја.

„Изгледа дека е во иста добра состојба како кога беше првично продадена, но ве советуваме да не ја јадете“, изјавил Крис Албери, вработен во аукциската куќа Dominic Winter Auctioneers во Глостершир.

Парчето ѝ било дадено на Мојра Смит, еден од членовите на кралското семејство, која на денот на свадбата го прекрила со фолија. Таа го чувала во стара кутија за торти со цвеќиња, а на него залепила и рачно изработена етикета, на која пишувало „Внимателно ракувај“.

Таа напишала дека тоа е дел од свадбената торта на принцот и принцезата, а потоа се поптишала  и го ставила датумот.

Семејството на Мојра во 2008 година му го продало парчето торта на еден колекционер, а сега тоа повторно се најде на аукцијата, која се совпаѓа со 40-годишнината од кралската венчавка.

Чарлс и Дијана се венчаа на 29 јули 1981 година во лондонската катедрала „Свети Павле“. Нивниот брак траеше 11 години. Тие се разделија во 1992 година, а официјално се разведоа четири години подоцна.

 

 

Scroll to Top