Пијаните британски туристи се секое лето главна тема во светските медиуми. Нивните летувања во Грција и Шпанија остануваат трајно документирани на социјалните мрежи.
Меѓутоа не поради доброто и примерно однесување, туку поради алкохолот и сексот, што на локалното населени од година во годинa се повеќе му пречи.
Така на Фејсбук страната “Turns out Kavos Was Ready for You” се појавиле фотографии од пијани туристи на островот Крф.
Сликите се повеќе од шокантни, а на нив можат да се видат луѓе како лежат во бесознание на плажи, спијат во паркови или барови, пренесува Дејли Мејл.
Фејсбук страната има повеќе од 5.300 фанови, а во центарот на вниманието е само еден ден по бурните реакции кои ги предизвика друга страна коа покажува дека состојбата во Магалуф во Шпанија не е ништо подобра.