Норвешка анти-имиграциската група на Фејсбук се посрамоти како никогаш претходно, откако на еден од своите постови, ги помешаа седиштата на автобусот, со жени со бурки.
Тамошната јавност бурно реагираше кога под сликата пишувало: „Што мислите вие за ова?“.
Иако на почетокот беше сосема јасно на што луѓето кои постот го ставија на страницата мислеле, набрзо се испоставило дека за празните седишта во автобусот мислат дека жените се целосно прекриени со бурки.
Многу од коментарите напишале дека она што на фотката се гледа е „страшно“ и „трагично“, а некои дури и наведоа дека тоа е „знак на исламизација на Норвешка“, пренесува Дејли Мејл.
„Исфрлете ги од земјата“, „Изгледаат како спуштени чадори“, „Ова е грозно“, се само уште некои од коментарите.
Клопчето почнало да се одмотува, кога еден од корисниците на Фејсбук, Синдре Бејер, ја сподели фотката и напиша: „Еве што се случува кога некои ќе ја замени празните муслимански седишта во автобус со бурки“.