Славниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона почина минатата среда во една скромна куќа во која бил однесен по операцијата на мозокот и бил пуштен од болницата.
Аргентинските медиуми пренесуваат дека куќата била со голем двор, но дека внатрешноста, опременоста и состојбата не биле адекватни за потребите за човек кој штотуку излегол од болница и чие лечење требало да продолжи во домашни услови.
Марадона имал голем двор и мал базен, но куќата изгледала скромно за една славна ѕвезда. Во неа немало скап мебел. Марадона имал старомодни плакари, маса, кревет и тоалет кој исто така не давал впечаток на комфор.
Адвокатот на медицинската сестра која се грижела за Марадона до последниот негов ден од животот вели дека условите за ваков пациент, кој имал операција на мозокот неколку недели претходно, биле очајни и дека ако бил однесен во друга куќа, тој би преживеал.
„Немаше своја куќа во која би можел да оди по отпуштањето од болница. Местото каде што го однесоа не беше во ред. Марадона ќе преживееше ако беше однесен во друга куќа. Докторите не повикаа никого кога чукањето на срцето му се забрза. Одговорни се Луке и психијатарот. Тие го пуштија да зема таблети“, навел адвокатот.
Адвокатот на Марадона ги обвини лекарите дека бавно реагирале за да го спасат