Стјуардеса од авиокомпанијата „Емирати“ е префрлена во болница во Уганда кога паднала низ вратата за евакуација од паркираниот „боинг 777“ на меѓународниот аеродром „Ентебе“.
Администрацијата за цивилна авијација во Уганда соопштила дека инцидентот се случил вчера на главниот аеродром во оваа земја.
Компанијата објавила дека стјуардесата, за жал, паднала низ отворената врата додека го подготвувала авионот за патниците на летот „EK 730“ од Ентебе.
IDENTIFIED: Elena a Bulgarian national [An Emirates Air hostess] commits sucide at Entebbe International Airport.
She jumped out of the plane shortly before take-off through the emergency exit [Door]
She was then rushed to Kisubi Hospital were she died#CapitalNewsDesk pic.twitter.com/oBaITJNtoU
— Capital FM Uganda (@capitalfmuganda) March 14, 2018
Ви ја даваме целата можна поддршка и нега на екипажот и нудиме целосна соработка со властите за истрагата“, се наведува во соопштението.
Одделни медиуми пишуваат дека стјуардесата, инаку по потекло од Бугарија, извршила самоубиство, но компанијата ги негирала ваквите наводи и рекла дека жената е префрлена во болница.
Во тек е истрага за овој настан.