(Фото) Тифани Трамп цела недела славела роденден во Мајами

Ќерката на Доналд Трамп, Тифани Трамп, неделав го прослави нејзиниот 27. роденден во Мајами. Таа неколку дена во различни ресторани со нејзиното момче и пријатели славеле и се забавувале. Во понеделникот прво била видена со дечко ѝ Мајкл Булос во ресторан.

Сопственикот на ресторанот и подарил огромна торта на неколку ката, украсена со нејзини фотографии од социјалните мрежи. Следниот ден со пријателите се журкале и пиеле коктели во друг ресторан.

Двајцата биле расположени и се забавувале сè до моментот кога не заминале на плажа. Папараците ја снимиле Тифани бесна како им вика на пријателите околу неа, откако ја прочитала пораката на мобилниот. Причината за наглата промена на расположението не е позната.

Сведоците велат дека таа направила вистински хаос на плажата. Нејзините пријатели велат дека бесот траел кратко време и дека ситуацијата за брзо се смирила, а Тифани се расположила со попладневен шопинг.

Тифани често знае да биде на мета на критики на јавноста, особено поради недостигот на сочувство и емпатија во текот на пандемијата со коронавирусот, исто како и целото нејзино семејство. Честитка за роденденот Тифани доби и од Доналд Трамп.

 

 

Scroll to Top