(Фото) Турчинка се омажи за човекот кој ѝ фрли киселина во лице

Турчинката Берфин Озек се омажи за Касим Озан Селтик, човекот кој пред 2 години ѝ фрли киселина во лице. Озек вели дека оттогаш има силни болки и може да гледа само со 30 % на едното око. Доживеала страшни повреди на лицето, вратот и има неизбришливи лузни на лицето.

Пред да ѝ го уништи видот Озан ѝ рекол: „Ако јас те немам, никој не може да те има“.

Бил осуден на затворска казна од 13,5 години, но, вели дека никогаш не престанал да ја сака.

Цело време ѝ праќал писма со извинување и барање прошка. Додека се допишувале во затвор, тој ја запросил, а таа прифатила. Сега кога Озан излегол порано од затвор заради измените во турските закони и мерките против ковид пандемијата, двајцата направиле венчавка.

Тие се венчале овој месец, без знаење на родителите на Озек.

„Не ми беше лесно да го гледам затворен. Си пишувавме многу писма и му се дадов затоа што многу го сакам, а и тој ме сака мене”, рече Озек.

Нејзиниот татко пак рече дека не можел да ја разбере одлуката на неговата ќерка. Тој доби поддршка и од јавноста која побара злосторникот да си ја одлежи целата казна.

 

Scroll to Top