(ФОТО) Вагина-панталони во продажба

 

„Вагина-панатлоните“ од последниот спот на Џанел Монае наскоро може да се најдат во продажба, бидејќи пејачката сака да почне со масовно производство на истите.

„Можеби работиме на тоа“, изјави 32-годишната пејачка за списанието People. „Се обидувам. Толку сум почестена и воодушевена од реакциите за панталоните од спотот. Мислам дека е кул што се расправа за женските проблеми и женското тело, мислам дека тоа е сјајно“, додаде таа.

Панталоните кои Џанел и нејзините придружни вокали ги носеа се дизајн на Дуран Лантинк, откако режисерката за спотот на песната Pynk, Ема Вастенберг побара „избор од костимографски идеи кои со изгледот и чувството потсетуваат на вагина“.

„Гуглав вагини и почнав да дизајнирам“, изјави Лантинк за Dazed во врска со оваа ретко грда дизајнерска изработка. „Навистина ми се допадна идејата за џиновска вагина како нога. И Џанел ја бендиса идејата, па ја претворивме во нешто кои и за двајцата беше сјајно“, додаде тој.

Scroll to Top