(ФОТО) Ѕирнете во најскапиот и најлуксузен крузер во светот

Н. (ФОТО) Ѕирнете во најскапиот и најлуксузен крузер во светот

Крузерот „Симфонија море“ на компанијата „Ројал Карибијан“ во моментов се наоѓа на пристаниште во Малага, Шпанија, пишува „Дејли мејл“.

Огромниот брод, кој е само 20 метри пократок од Емпаер стејт билдингот во Њујорк, тежи 228.000 тони и е долг 362 метри. Широк е 66 метри, а висок 70 метри. Има 2750 патнички кабини, а може да нагости околу 6800 патници и 2000 членови на екипажот.

На крузерот се наоѓа и единствениот семеен апартман на две нивоа, кој нуди доволно место за осум лица. На секое ниво има по еден батлер. Во овој дел на бродот се наоѓа и тобоган со чија помош гостите можат да стигнат од горното до долното ниво. Ѕидот од подот до плафонот, како и столовите за воздушен хокеј и пинг-понг се направени од лего-коцки.

Гостите во апартманот можат да се опуштат во приватното кино со екран од 85 инчи или да играат некоја од видеоигрите што ги има во колекцијата. Гостите имаат на располагање и огромно џакузи на терасата со поглед на океанот.

На „Сомфонија море“ постојат дури 8 палуби, 20 ресторани и повеќе од 6 барови, а во еден од нив има робот кој подготвува коктели.

На гостите никогаш не им е досадно затоа што на располагање имаат жичници, лизгалиште, терен за мини голф, планинарење, симулатор за сурфање и кугларница.

Во вечерните часови гостите можат да уживаат во современ театар во претставите и настапите како што се одржуваат на Бродвеј.

На бродот постои казино, десеткатен тобоган и парк со 12.000 билки, како и огромно водно кино.

Изградбата на бродот чинела околу милијарда евра, а направен е во бродоградилиште во Франција.

„Симфонија море“ го придружува сестринскиот брод „Хармонија море“, а наскоро ќе им се приклучи и третиот брод од таков вид, чија испорака е закажана за 2021 година.

„Симфонија море“, 25. брод во сопствеништво на компанијата „Ројал Карибијан“, ги носи гостите на првото крстарење низ Медитеранот во април. За време на крстарењето ќе мине низ пристаништа во Шпанија, Франција и Италија.

Бродот од 24 ноември ќе се врати во своето матично пристаниште во Мајами на Флорида.

Scroll to Top