Повеќе од десетици шишиња врвно француско вино беа испратени во вселената. Виното било испорачано во Меѓународната вселенска станица, но не е наменето за астронаути, туку истото ќе биде користено во научни цели. Проектот е во организација на научници и професори од универзитетите на Бордо и Баварија.
Тие сакаат да откријат како виното созрева во вселената. Имаат за цел да развијат нови вкусови и својства во оваа гранка на прехранбената индустрија.
Откако виното ќе биде вратено на Земјата, виното ќе се спореди со овдешните вина. Ваквата мисија со носење вина во вселената е првата од шесте кои се планирани да бидат изведени во наредните три години.