Французин сака во буре да го мине Атлантикот

Французинот Жан Жак Савин (71) сака да го мине Атланскиот Океан во портокалова капсула во облик на буре, користејќи ја исклучиво само силата на океанските струи.

Тој со себе понел само густа паштета и шише бело вино „Сотерн“. Вели дека за време на патувањето ќе ја прославел Новата година со вино . Исто така, со себе зел и шише црно вино за прославата на неговиот 72. роденден, кој ќе го прославел среде Атлантикот на 14 јануари следната година.

Жак го напуштил Ел Хијеро на Канарските Острови и се надевал дека ќе стигне до Карипските Острови за три месеци. Во својот пловечки објект тој имал лежиште за спиење, кујна и засолниште.

Савин (71) попатно ќе остава маркери за да им помогне на океанографите во проучувањето на атланските струи. Веста за патувањето ја пласира на Фејсбук, а најновата порака добиена од него е дека нема проблеми со бурето.

Бурето е долго три метри, широко 2,10 метри и има шест квадратни метри животен простор. На подот се наоѓа бродски прозорец, кој му овозможува на Савин да ги набљудува рибите.

Савин е поранешен воен падобранец. Работел и како шумар и пилот. Неговиот буџет од 60 000 евра е собран од добротворни прилози.

Scroll to Top