Англичанката Шона Вилсон која со своето семејство го славела својот 21. роденден во центарот на Манчестер, доживеала големо изненадување, откако непознат маж ѝ ја платил сметката.
Таа вели дека не успеала ниту да му се заблагодари. Си заминал уште пред крајот.
Се обидов да го стигнам, но веќе беше предоцна. Каков прекрасен човек. Овој роденден ќе го паметам до крајот на мојот живот“, изјавила Шона.
Девојката смета дека станува збор за фудбалер, но не била сигурна, а истакнала дека би сакала да го пронајде за да му се заблагодари.
Мистериозниот маж седел на соседната маса веднаш до смејството на Шона. Кога ја прашал што слават, таа без премногу да размислува му одговорила дека ѝ е роденден.
Потоа мажот заминал кај шанкот за да ја плати нејзината сметка од 142 фунти. Освен тоа, на келнерите им оставил голем бакшиш.