Фудбалерот на ГФК „Охрид Лихнидос“, Един Мерсовски, спасил три малолетни деца кои се давеле во Охридското езеро. Тој за „Охрид1“, изјавил дека веднаш скокнал по нив, кога сватил дека не можат да излезат од езерото.
„Мислевме дека си играат иако ни беше чудно во ова студено време да се капат. За брзо време сфатив дека нешто не е во ред. Многумина кои се шетаа по кејот застанаа и гледаа. Од брегот се гледаше дека се обидуваат да испливаат, но дека не можат. Веднаш скокнав по нив. Прво ги носев со мене во водата, а потоа ги подавав на другарите да ги извлечат“, раскажува Мерсовски.
Еднон од децата кои биле на возраст од 8 и 9 години додека седеле на мостот, се лизнало и паднало во водата. Другите во обид да му помогнат, скокнале по него. Студената вода почнала да ги повлекува надолу, но за среќа фудбалерот Един се појавил навреме и ги извлекол.
Фото/Извор/Охрид1