Автомобилите во кои се возат американските претседатели се скапи лумузини опремени со сè што му треба на претседателот за удобно возење. Овие автомобили се блиндирани, со посебна заштита, а последната лимузина од 2018 година ја опишуваат како патнички тенк. Најскап бил автомобилот во кој се возел Џон Кенеди, а најмалку чинела лимузината во која се возеле Френклин Рузвелт и Хари Труман.
Овие специфични автомобили се произведени во Америка, Германија, Франција и во Русија. И иако не се најубави на светот, тие се најнапредни и чинат и над 1,5 милион долари.
1939 Lincoln K Sunshine Special
Првиот автомобил произведен за еден претседател на САД е „линколн“. Се користел од 1939 година и во него се возел Френклин Рузвелт. Кога САД влегоа во Втората светска војна, на автомобилот му биле додадени оклопи, гуми заштитени од куршум, подебело стакло, па дури и склад за оружје.
1942 Lincoln Custom
Овој автомобил доби над три тони оклоп, а со тоа и посилни сопирачки. По војната, повторно е модифициран.
1950 Lincoln Cosmopolitan
Претседателот Хари Труман се возел со блиндиран „линколн“. Тој на располагање имал и кабриолет и ќе остане запаметен како последниот претседателски автомобил напојуван со мотор V12. Тоа е 5,8-литарски атмосферски автомобил со нешто повеќе од 150 КС.
1961-1972 Lincoln Continental
Автомобилот „линколн континентал“ е запаметен по кабриолетот во кој бил убиен Кенеди. Го нападнале и Форд, а во 1981 година и Роналд Реган.
1983 Cadillac Fleetwood
Во 1983 година во претседателската гаража дојде првиот „кадилак“. Оклопната копија ја користел само претседателот Реган, а имала подигнат покрив.
1989 Lincoln Town Car
Претседателот Буш се возел во последниот „линколн“ направен за некој претседател. Бил блиндиран и имал драстично модифициран погон.
1993 Cadillac Fleetwood
Првиот технолошки напреден претседателски автомобил го користел Бил Клинтон. Целосно оклопен со моќен мотор V8, можел да вози над 200 км на час и бил опремен со опрема за комуникација.
2001 Cadillac DeVille
Овој „кадилак“ е првиот претседателски уникатен автомобил поставен врз основа на американски теренец со тежок оклоп, безбедносна опрема, термичка слика и снабдување со воздух. Тоа е најнапредниот автомобил во тоа време.
2005 Cadillac DTS
По 11 септември, Буш добил уште позаштитена лимузина. Оклопот бил дебел 12,5 см, а прозорците не можеле да се отворат и наводно бил најбрзиот седан во историјата, развивал максимални 240 км на час.
2009 Cadillac One
Го користел претседателот Обама. Тој, наводно, не можел да вози побрзо од 96 км на час, но понудил беспрекорна заштита. Ова е прв автомобил во кој имало и снабдување со крв ако има потреба од инфузија во случај на напад врз претседателот.
2011 Ground Force One
Првиот и единствен автобус во улога на команден центар е блиндиран, а со вградената опрема се овозможува управување од далечина со него.
2018 Cadillac The Beast
Ова е подобрен модел од 2009 година. Безбеден како бункер, има сè што може да му треба на претседателот додека користи лимузина.