Познатата двојка Бен Афлек и Џенифер Лопез повторно се задено и сега сакаат да купат заедничка вила во Лос Анџелес. Тие веќе имаат во фокус една недвижнина во Беверли Хилс со цена од 85 милиони долари.
Вилата е пространа, има 12 соби, 24 бањи, пентхаус за гости, сместување за персоналот и помошна куќа со две спални соби. Вилата содржи и паркинг за осумдесет лица, во случај ако сакаат да направат голема забава.
Спортскиот комплекс исто така вклучува и боксерски ринг и кошаркарски терен. Како што велат извори блиски до нив двајцата, тие се веќе цврсто решени ова да им биде нивниот иден заеднички дом.