(Галерија) Град кој си го сменил името 225 пати

Ливареден е град во Холандија кој си го сменил името 225 пати. Тој го држи рекордот во Гинесовата книга, за промената на името. Точното име не се знаело со векови, поради многуте промени. До денес, никој не е сигурен какво е неговото вистинско име.

Се шпекулира со имињата Ливаден, Љуверт, Левард или можеби Леоардија? Ова се само неколку називи кои градот ги менува уште од 11 век.

Местото има единствена историја на јазици во светот. Во него официјално се зборуваат фризијски и холандски јазик, но никој не го знае точниот број на говорни јазици. Во овој град живеат луѓе од 128 различни националности.

Во него наоѓа и „Куќата на јазиците“ која е своевиден каталог за сите јазици кои се зборуваат во светот. Во овој рај за лингвистите може да се најдат дури 6720 различни јазици.

Ливареден е главен град е на покраината Фрисланд која била најмалку населена во Холандија. Со време тука почнале да се населуваат Холанѓани, Фламанци, Валонци. Во 2018 година беше именуван како европска престолнина на културата.

 

Scroll to Top