(ГАЛЕРИЈА) Идеи за велигденски декорации

Велигден е еден од најубавите православни празници, па затоа повеќето од нас посветуваат многу внимание на декорацијата на велигденските јајца, но исто така и на целиот дом.

Со цел да ви помогнеме околу тоа ви даваме неколку предлози, кои можете да ги примените, или пак да се инспирирате од нив. Како и да е, сигурни сме дека што и да одберете од понудените опции, ќе ги изненадите најблиските и гостите, а особено најмалите, кои веројатно и најмногу му се радуваат на празникот.

Декорација на врата

Како што се прават венци за Божиќ, така денес сè позастапени се и оние за велигден. Можете да одберете класичен облик, па да го декорирате со украсни јајца. Но, за да бидете малку поразлични можете да направите или купите венец во облик на зајче, јајце, морков или било што ви се допаѓа, а е соодветно за празникот.

Украсување на домот

Стаклени садови, кошнички, елементи од хартија, стари копчиња, бои и четки – ова е само еден мал дел што може да ви послужи при украсување на домот.

… и масата

Во галеријата има повеќе предлози, а ние посебно внимание обрнавме и на салфетките, кои несомнено ќе дадат празничен изглед на масата.

Шарени велигднески јајца

Се појавија многу нови техники на декорирање јајца за Велигден. Ние нема да ги објаснуваме детално, бидејќи речиси и да нема некој што не ги знае, или веќе не прочитал за тоа, но ќе дадеме интересни идеи.

Велигден не е Велигден без богата трпеза.

А доколку и храната сакате да ја декорирате во ваков манир, тогаш еве неколку предлози како може да ви изгледаат дел од јадењата:

 

Scroll to Top