(Галерија) Луксуз во болничкиот апартман на Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера со хелокоптер беше однесен во болницата „Волтер Рид“ каде што ќе се лекува од коронавирусот. За Трамп ќе се грижат 7.000 членови на медицинскиот персонал, вклучувајќи ги и најдобрите лекари во земјата.

Трамп ќе престојува во Претседателскиот апартман, луксузен оддел во една од 88. згради на овој медицински центар. Ова е еден од шесте апартмани резервирани за високи воени и официјални претставници на Белата куќа. Апартманот има специјален безбедносен систем и опрема за комуникација. Претседателското крило има трпезарија со кристален лустер, биро на неколку чекори од креветот и просторија со софи за прием на посетители, како и најсовремена технологија.

Белата куќа објави дека Трамп ќе работи од неговиот болнички апартман и дека ќе остане во него неколку дена, иако медиумите во САД пишуваат дека фактот што тој е хоспитализиран значи дека претседателот е болен повеќе отколку што сака да покаже во јавноста.

Инаку, во рамките на болницата „Волтер Рид“ е и институтот за истражување каде што научниците работат на вакцини и лекување на заразни болести како што е Ковид-19.

Трамп е првиот претседател кој доаѓа во „Волтер Рид“ по 39 години. Последен пат во болницата бил лекуван Роналд Реган откако бил сериозно повреден во обидот за убиство на 30 март 1981 година.

 

Scroll to Top