22-годишниот Андреј Боцевски од Скопје догодина ќе се натпреварува на изборот „Мистер Пацифик јуниверс“. Свескиот избор за убавина за мажи ќе се одржи во февруари 2021 година во Перу, Јужна Америка.
Андреј тренира боречки вештини. Во моментов е официјален модел за повеќе македонски брендови.
За медиумите рече дека е среќен што токму тој ќе ја претставува Македонија на еден ваков престижен натпревар.
Не е првпат Македонија да има свој претставник на овој натпревар. Претходно во 2012 се натпреваруваше Стефан Лошковски, а во 2016 Љупчо Митиќ.