(Галерија) Сенида, Сара Јо, Регард, уште една жешка ноќ со многу журка на Охрид колинг

Еден од најдобрите светски диџеи Регард, заедно со пејачките од Словенија и Србија, Сенида и Сара Јо, приредија уште една незаборавна ноќ на синоќешниот втор ден на Охрид колинг.

Се играше на хитовите на Регард, Ride It и Secrets, а на почетокот публиката ја загреа македонскиот диџеј Деловски. Најмногу публиката се забавуваше на песните на Сенида, додека Сара испеа пет нејзини песни, а потоа пееше и други на српски и на англиски.

Фестивалот кој се одржува по една година пауза, беше вистинско освежување за сите. Некои од посетителите кои беа нетрпеливи за забава, во касарната дојдоа и пред време. Со реквизити за журкање, светла во различни бои, големи очила и студено пиво уживаа во дицеј сетовите.

Вечерва е последната фестивалска ноќ, а од „Авалон“, кои се организатори на музичкиот настан рекоа дека ја имаат замислено како “after midnight closing festival set” со спектакуларното диџеј-дуо Sunnery James & Ryan Marciano.

Пред нив ќе настапи диџеј-дуото Ofenbach, познато по своите хитови Wasted Love, Be Mine, Paradise. Пред Ofenbach, првата интернационална ѕвезда таа вечер ќе биде хитмејкерот Mahmut Orhan кој ќе настапи со специјален диџеј-сет. Вечерта ќе ја отвори младиот диџеј Chris J.

 

 

 

 

Scroll to Top