(Галерија) Вдовицата на Хју Хефнер на одмор во Мексико со новото момче

Кристал Харис, вдовицата на Хју Хефнер, е на одмор во Мексико со својот партнер Нејтан Леви. Три години по смртта на основачот на магазинот „Плејбој“, таа се појави во јавноста со новото момче.

Кристал (34) и Нејтан (32) беа сликани во хотелот со пет ѕвeздички „Каза де Мита“ во Пунта де Мита. Нејтан е инженер за вселенски бродови од Лос Анџелес и беше на чело на тимот експерти што успешно го лансираа „Драгон икс“ на Илон Маск во март оваа година.

Кристал, пак, беше во брак со Хефнер од декември 2012 година сè до неговата смрт на 91-годишна возраст во септември 2017 година.

Scroll to Top