(Галерија) Вилата на Марлон Брандо се продава за четири милиони долари

Вилата во неоготски стил што некогаш му припаѓала на Марлон Брандо се продава за 4,3 милиони долари. Изградена е во 1926 година и позната е по својата драматична архитектура. Ја дизајнирал славниот архитект А. Ф. Лејхт.

Вилата, која личи на замок, е иста како во 1955 година кога Марлон Брандо се сликал на таванот со голем свод со својот прв „Оскар“.

Од кулите на домот, кој се наоѓа на Холивуд Хилс, се гледа зајдисонцето над Лос Анџелес, а прозорците од неговите спални соби гледаат кон градот, од западен Холивуд до центарот на Лос Анџелес.

Вилата се простира на имот од 4.300 квадратни метри и има четири спални соби и пет бањи, а до нив се стигнува преку огромните скали што водат кон дневната соба.

Scroll to Top