Филип Бундовски и Катерина Илиевска, кои лани беа избрани за зет и невеста на Галичка свадба, годинава ќе се венчаат во Галичник.
Галичката свадба ќе се одржи годинава од 16 до 18 јули, согласно протоколите за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19 кои ќе се применуваат за организација на настани на отворено (и каде ќе дадеме и наш придонес). Пандемијата ја одложи традицоналната манифестација Галичка свадба лани.
Оваа манифестација низ годините прерасна во голема културно-туристичка атракција, која привлекува домашни и странски посетители. Првата Галичка свадба се одржала во 1963 година. Тогаш над 4.000 гости одблизу ги виделе свадбарските обичаи на Мијаците. По две години имало прекин, до 1973 година, откога манифестацијата се одржува редовно.