Гејмер не излегува од спалната соба, а заработува пола милион долари месечно

На листата од 100 најплатени луѓе во 2019 година покрај Емилија Кларк, Тејлор Свифт, Трамп, па и папата Франциско, се најде и 27 годишното момче, познато како „Нинџа“, објави „Тајм“.

Станува збор за Ричард Тајлер Блевинс, гејмерот кој се прослави со играта Fortnite. Toj месечно заработува половина милион долари, а се што работи е игра игрици во својата соба, додека останатите го гледаат.

Сепак неговиот работен ден не е толку лесен како што им се чини на другите. Тој во текот на денот минува 12 часа играјќи ја играта, а за целото тоа време неговите набљудувачи верно го набљудуваат, давајќи му донации и носејќи му нови претплатници.

Неговите претплатници плаќаат по пет долари месечно да ги гледаат неговите ексклузивни стримови. Покрај тоа што игра игра, Нинџа цело време комуницира и со публиката и носи нови обожаватели и членови.

Дека не може секој да го работи тоа што го работи Тајлер говори и фактот дека бројни професионалци во оваа област го имаат наречено Нинџа дека е вистински професионален гејмер, кој се појавил на насловната страна на магазинот ESPN и станал првиот стример кој на Twitch ја надминал бројката од 10 милиони следбеници.

Во интервју за CNBS Тајлер потврдил дека заработува и повеќе од половина милион долари месечно. Тајлер ги заработува парите и од своите следбеници на „Јутјуб“, како и од спонзорите. Досега гостувал кај најпознати светски водители како Џими Фелон и Елен Деџенерис.

 

Scroll to Top