Германка ги има најголемите гради во светот, една тежи 9 килограми

Германката Мајра Хилс, која се претставува со уметничко име Бешне, ги има најголемите гради на светот. Нејзините гради тежат 18 килограми, односно секоја е тешка 9 кила. Но, таа вели, уште не ѝ доволно и сака да ги зголеми.

„Сакав да имам сè поголеми и поголеми гради. Во еден момент, кога дојдов до одредена големина, фановите од целиот свет почнаа да ми зборуваат дека ги имам најголемите вештачки гради на светот. Тоа ми беше супер и ми звучеше интересно па се чувствував како да сум успеала во нешто во животот. Но, за мене е најважно тоа што мојот внатрешен глас ми кажува дека сè уште не сум ја досегнала мојата цел. Моите фанови знаат на што мислам со тоа“, раскажала Мајра во едно интервју.

Таа додала дека ѝ е тешко да облекува чевли затоа што од големите гради не може да си ги види нозете.

Scroll to Top