Гром го погодил Нико К., локален германски политичар од владејачката партија CDU во германскиот град Хеншет. Нико починал од ударот, пренесуваат германските медиуми.
Тој се забавувал со пријателите под ведро небо, кога наеднаш почнало силно невреме. Според пишувањето на „Билд“, тој пред да ја напушти журката, се одвоил од групата. Громот го погодил додека стоел покрај еден столб за струја.
Како што пренесува „Билд“, Нико имал големи политички амбиции и планирал наскоро да влезе во окружниот совет, од каде почнал да се искачува на повискоките политички функции.