Германскот суд одлучи дека само чоколадата „Ритер“ смее да биде во квадратен облик

Чоколадата „Ритер“ е единствената која во Германија смее да се продава во карактеристичниот квадратен облик, одлучи германскиот врховен суд, одбивајќи ја тужбата на конкуренцијата.

Судот смета дека обликот на квадрад на чоколадата „Ритер спорт“ не е само плод на функционалност, туку и на креативен облик.

„За останатите произведувачи на чоколада не е пресудно своите производи да ги нудат во квадратен облик “, стои во пресудата.

Со тоа е одбиена тужбата на фирмата „Моделез“, производител на чоколадата „Милка“. Со конечната пресуда ставен е крај на десетгодишната правна битка, во која „Милка“ бараше да се одземе ексклузивното право на „Ритер“ за таков облик на чоколада.

„Среќни сме што е осигурана заштитата на нашата марка, која ја негуваме веќе со децении“, соопшти компанијата „Алфред Ритер“ од Валденбух кај Штутгарт.

„За нас квадратниот облик на чоколада ја поседува истата вредност како и виолетовата боја на амбалажата за конкуренцијата“, додаваат од „Ритер“.

„Ритер спорт“ во 1912 година, а квадратниот облик е дизајниран во 1932, кога ко-основачката Клара Ритер одлучила дека чоколадите мора да ги собере во  џеб од  јакна без да се скршат.

Scroll to Top