Ги камшикувала логорашите, па мастурбирала додека умирале

Жените чуварки во нацистичките логори не биле толку познати како мажите, но тоа не значи дека биле помалку брутални.

Некои од нив предизвикувале повеќе страв од другите чувари, а од речиси 37.000 чувари, кои активно учествувале во претепувањето, мачењето и убивањето на логорашите, околу 10 отсто биле жени.

Една од најлошите била Ирма Гресе. Чуварка во логорите „Аушвиц“ и „Берген-Белсен“. Ја викале Хиена, а понекогаш и Убавиот Ѕвер, а прекарт го добила поради бруталните методи што ги применувала врз логорашите.

Сведоците на судењето раскажале како ги претепувала луѓето до смрт. Нејзините досега необјавени фотографии се пронајдени во архивата на историските материјали што ги составил британскиот правник Лео Ген додека во 1945 година работел како помошник-обвинител на судењето во Лунебург. Архивот е продаден за 5.500 фунти.

„Голем дел од вредноста е поврзан со Лео Ген, познатиот театарски и филмски актер, поранешен помошник на обвинителот на судењето во Белсен. Тука спаѓаат и личните работи, како што се неговите ознаки за идентитетот, но уште поважни се неговите копии од изјавите на сведоците и белешките во текот на судењето. Архивот опфаќа изјави на сведоците од логорот, но и чуварите, откривајќи ги ужасите што се случувале зад затворени врати за кои светот дотогаш не бил свесен“, изјавил Николас Туви од Универзитетот „Вашингтон“.

Заштитниот знак на Ирма бил камшикување со кожен камшик. Логорашите ги камшикувала садистички по гола кожа.

Гресе била со прилично нарушено ментално здравје. Доаѓала од семејство што имало долга историја на душевни болести. Мајка ѝ се убила со киселина кога дознала дека сопругот ја изневерува со собарката.

Бидејќи не била многу интелигентна, на 14 години го напуштила училиштето, каде што често била изложена на малтретирање од другите деца и се зачленила во нацистичката младина „Лига на германски девојки“. Многу бргу им се допаднала на водачите, па во 1942 година станала чуварка во „Аушвиц“.

Била позната по тоа што, откако ги камшикувала затворениците, мастурбирала додека лекарите им ги преврзувале повредите што таа им ги нанела. Освен тоа, во логорот имала многубројни љубовни афери со чуварите. Во една од тие афери останала бремена, па натерала еден логораш, кој бил лекар, да ѝ направи абортус.

За Ирма на судењето по војната сведочеле многубројни поранешни логораши, кои раскажале како им ги пуштала своите агресивни и изгладнети кучиња.

Ирма Гресе била осудена на смрт со бесење, а нејзиното судење траело со денови.

Scroll to Top