Италијанската актерка Сандра Мило (87) се заклучи со катанец пред Палацо Чиги во Рим и побарала средба со италијанскиот премиер Џузепе Конте за да разговара за актерите и уметниците погодени за време на пандемијата на Ковид-19. Таа се врзала за металните бариери околу зградата на владата, а потоа била примена на разговор кај премиерот.
Кога премиерот Конте слушнал дека актерката протестира заради самовработените во светот на забавата, се согласил да се сретне со неа. Мило била задоволна од средбата и им кажала на новинарите околу неа дека тој е прекрасен човек.
„Конте е политичар со највисок квалитет, тој е политичар од минатото, како што беше Пјетро Нени, и тој нè слуша. Ние сакаме цивилизирани луѓе како него да нè слушаат. Тој рече дека ќе стори сè за да им помогне на луѓето. Бев многу возбудена, тој беше смирен, тој е личност со големо разбирање, има прекрасна човечка страна“, рекла таа.
Неколку дена пред разговорот со премиерот, глумицата таа почнала штрајк со глад за да влијае врз владата да се фокусира на самовработените уметници и изведувачи во светот на забавата, кои се во криза поради пандемијата на коронавирусот.
По завршувањето на разговорот, таа им открила на новинарите:
„Тој ми рече дека денес е важен ден затоа што Европската Унија ќе донира огромни пари за вработени во разни сектори, кои се погодени од вирусот. Сигурна сум дека ќе ги одржи своите ветувања“.
Инаку, Мило ја освои наградата „Сребрена лента“ за своите улоги во филмовите на Федерико Фелини, а особено се истакна во филмот „Џулиета и духовите“ од 1965 година.