Бебе на српско-романска брачна двојка починало во утробата на мајката, затоа што една од вработените во болницата во Малта, повеќе се грижеле како таткото кој бил Србин ќе ги покрие лекарските трошоци.
Брачната двојка не била осигурана затоа што не се наоѓала во земја на територија на Европската унија. Родителите ги тужеле вработените во болницата, истакнувајќи дека целата бременост минала без никакви проблеми.
Во болницата за породување пристигнале на почетокот на месец јуни, но бебето починало во мајчината утроба поради непрофесионализам на лекарите.
Исто така велат дека мајката, како државјанин на Европската унија, поседува европската картичка на здравствено осигурување, со која стекнува право на бесплатен медицински третман или намалена надокнада во случај на итна помош во јавните болници.
Родителите велат дека болничкиот персонал повеќе бил загрижен како таткото кој не доаѓа од земја членка на ЕУ, ќе ги плати медицинските услуги во државната болница. Во исто време го занемариле пораѓањето, а според наводите, поради одолговлекувањето на лекарот, ситуацијата се искомплицирала, а како резултат на тоа бебето починало.
Тужба поднеле против генералниот директор на здравствената служба, главнот владин медицински службеник, премиерот, министерот за здравство, неговиот постојан секретар, извршниот директор во болницата „Матер Деј, директорот и службата која е под него и главниот обвинител.
Побарано е во рок од 15 дена да им се исплати оштета.